Зошто Miele?

Постојат безброј причини зошто конечниот избор да биде токму Miele, ние тука ќе ги издвоиме најголемите 6.

 

Од самите почетоци на Miele во далечната 1899 година, слоганот “Immer Besser” ја претставува филозофијата и стремежот да се иде кон подобро-најдобро. Тоа за вас како наши ценети клиенти значи дека секогаш ќе се трудиме да го нудиме подоброто од нашите конкуренти, а да го извлечеме најдоброто од нас со цел да се добие највисока сатисфакција при користење на прозиводите нa Miele.

 

1. Мiele историја

Почетоците на компанијата се раѓаат во Herzebrock, мал град во близина на Gütersloh, Германија. Во 1899 година, Carl Miele и Reinhard Zinkann ја основаат Miele & Cie, првобитно како фабрика за производство на сеператори за кајмак, но само 4 години подоцна се наоѓаат пред предизвикот да ја конструираат првата машина за перење алишта. Охрабрени после големите успеси со електричните апарати, во 1912 година се впуштаат во произодство на автомобили, но поради избивањето на Првата светска војна и економските потешкотии во новата индустриска гранка, набрзо го згаснуваат погонот. Следат години на голем просперитет во произвдството и дистрибуцијата на апарати за домаќинство. Сигурни во квалитетот на своите производи, во самите почетоци Miele предвидувале и до 10 години гаранција за исправност и функционалност, што до тој момент тоа било уникатен пример во оваа област.Година 1925, најновото ремек-дело на компанијата се професионалните машини за перење со голем капацитет, како погонско гориво се користеле јаглен и земен гас, најголема намена наоѓаат во хотелиерството, рестораните, болниците и големите индустриски погони. Во периодот од 1925 до 1945 година, Miele врши комплетна експанзија на пазарите ширум светот со нови производи, како што биле: правосмукалки, велосипеди со мотор, машини за сушење итн. Раните 50-тите години од 20-ти век се сметаат како почеток на масовното користење на машини за перење со предно полење и правоаголен изглед, со концепт на дизајн баш онаков како што го знаеме денес. Mielе како и секогаш така и во тој сегмент е на чекор пред конкуренцијата преку напредни решенија и иновативни изуми. Тука не бил крајот во подемот на Miele во сите категории на апарати за домаќинство. Во 1963 година е конструирана првата машина за перење садови, со изглед и начин на работа како што ја познаваме денес, оттука може да се заклучи дека Miele е еден од основоположниците во оваа област. Miele повторно е на врвот кога станува збор за технолошките решенија и солуции во домаќинството. Годините што следат се пропратени со развојно темпо во делот кај автоматизација и дигитализацијата на целиот асортиман. Во 1999 година прославен е 100-иот јубилеј постоење на Miele. Последните 2 декади од 21 век, најголем иновациски печат оставаат вградливи апарати за домаќинство од генерации 5000, 6000 и најновата 7000.
 

2. Miele квалитет


 

3. Miele технологија


 

4. Miele изработка

 

5. Miele дизајн


 

6. Miele сервис