Општи правила и услови

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, Био Доместик ДООЕЛ ќе се залага за достапност на својата интернет страница (www.miele.com.mk) 24 часа во денот.

 

Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Био Доместик ДООЕЛ, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.

 

Сите податоци и информации објавени на интернет страната на Био Доместик ДООЕЛ се од информативен карактер и за истите Био Доместик ДООЕЛ го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.

Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Република Северна Македонија, Био Доместик ДООЕЛ не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

 

Називот “Мiele“ е трговски знак на Био Доместик ДООЕЛ и се забранува секаков вид на негова употреба во Република Северна Македонија без претходна писмена согласност од Био Доместик ДООЕЛ. Сите права права се задржани кои произлегуваат од трговскиот бренд Miele.

 

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на Био Доместик ДООЕЛ е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на Био Доместик ДООЕЛ.