Политика на замена/враќање на производ

Сите клиенти кои што не се задоволни од купениот призводот имаат право да го заменат или вратат производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор, што е во согласност со член 50 од Законот за заштита на потрошувачите.
Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот. За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа oдлука важат следните законски услови:


1. Производот не бил употребуван;

2. Сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;

3. При поднесување на барање за враќање на производ задолжително се приложува фискалната сметка или фактура/испратница, исто така останатата целокупна пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

4. При поднесување на барање за замена, со призводот задолжително се приложува фискалната сметка или фактура/испратница и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.


По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барања за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. Замената, односно враќањето на производот потрошувачот може да се реализира исклучиво во салонот на Miele Македонија, на Ул.16-та македонска бригада 10-4, Скопје.