Услови и правила за купување

Термини и услови

 

Интернет страната, со назив на домеин www.miele.com.mk, во сопственост на Био Доместик ДООЕЛ, со седиште на Ул. 16-та македонска бригада 10-4, Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба  и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.miele.com.mk, внимателно да ги прочитате. Био Доместик ДООЕЛ не превзема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал условите и правилата за користење и купување.

 

Општи услови

 

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да бидете согласни со утврдените  услови наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Био Доместик ДООЕЛ не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со општите услови на оваа веб страна, едноставно не ја користете и повелете во нашиот продажен салон.

Називот Miele е заштитен трговски знак на Био Доместик ДООЕЛ и забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. Био Доместик ДООЕЛ ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак Miele & Cie KG. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Био Доместик ДООЕЛ и се заштитени со авторско право и сите останати сродни права. Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да има достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

Био Доместик ДООЕЛ го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

Постои ризик од губење на битни информации при преводот

Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, Био Доместик ДООЕЛ ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Био Доместик ДООЕЛ, не би можеле да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

 

Услови и правила за купување

 

Цените на сите производи на www.miele.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Био Доместик ДООЕЛ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.miele.com.mk важат редовните малопродажни цени што во тој момент се актуелни и во продажниот салон. Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи, важат искучиво за извршено купување во продажниот салон на Miele Македонија. Количините на производите се ограничени, во одредени моменти поради технички недостаток може баранаиот производ да го нема на состојба, иако на веб-продавница сеуште е активен лагерот. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Miele. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратена електронска порака на е-маил адресата која ја имате наведено, со цел потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Био Доместик ДООЕЛ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, поради тоа не се обврзува да изврши никакво дополнително обештетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку електронскиот банкарски систем на ХАЛКБАНКА АД Скопје.

 

Подршка на корисници

 

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 02/317-1111 кој е достапен во периодот од 09:00 часот до 17:00 часот. Исто така може да извршите електронска комункикација 24/7/365 преку нашиот e-mail: sales@domestic-miele.mk, Viber или на приватна порака преку социјалните профили на Facebook и Instagram na Мiele Macedonia.

 

Политика на испорака на производи

 

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.

Испораката и монатажа на целиот асортиман на апарати е бесплатна за нарачки со вредност поголема од 2000 денари.

Додатоци и дополнителни аксесоари од брендот Miele кои би требало да бидат доставени надвор од рамките на град Скопје се наплаќаат во зависност од големината и тежината на пакетот и моменталната тарифа на превозникот Карго Експрес. За подетални информации околу цената на достава Ве молиме контактирајте на 02/317-1111. Периодот за испорака е во зависност од локацијата и местополжбата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа од моментот на потврдa на плаќањето од страна на банката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Био Доместик ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку Мiele служба или преку надворешниот превозник Карго Експрес. Испорака во сабота, недела и во време на државни празници не се врши.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот веднаш треба да се обрати на телефонскиот број 02/317-1111, како би превзеле мерки за решавање на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Доколку купувачот поради некаква причина сака да го врати производот, а тоа не е поради наша вина или вина на доставувачот, истиот бара да му биде вратена уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван, заедно со сите приложени документи и додатоци. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Био Доместик ДООЕЛ не може да превземе никаква одговорност.

 

Прием на производи

 

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда. Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да поднесете приговор за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број 02/317-1111 за поддршка на корисници и кај лицето кое што ја врши испораката, во спротивно сите последователни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени. Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: упатство за употреба, гарантен лист, фактура-испратница, документ за испорачана роба кои сте должни да ги потпишете.

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да го врати купениот производ во период не подолг од 5 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која што е испорачан, односно неотпакуван и неупотребуван, со сите декларации и ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот. Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а кој што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот тоа право може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле предадени заедно со производот.