Дел од премиум услуги кој што се опфатени во гаранцискиот период се: бесплатна промена на делови, професионална проверка и дијагностика на производот, кориснички насоки и инструкции за користење на производот, измени и модификации, бесплатни телефонски консутлации, и сите други останати услуги и зафати за кои што би имале потреба.
Стручниот сервисен тим на Miele при редовни сервисни проверки секогаш навремено и темелно ќе ги отстранува потенцијалните проблеми на апаратот, се разбира пред било што несакано да се случи. Затоа една од клучните компоненти на долготраен Miele уред е навременото сервисирање и одржување. Со Miele уредите сте комплетно спокојни, бидејќи експедитивноста и посветеноста на сервисините тимови секогаш ќе го отстрани и најмалиот можен проблем.
Miele гарантира покриеност со резервни делови на сите апарати во рок од 7 години од денот на купување. Доколку се случи било каков дефект или проблем со Miele уредот после гарантниот рок, дури и тогаш нема простор за грижа, бидејќи Miele сеуште стои позади свои производи преку обезбедување на соодветни делови.