Резервни делови и вон-гаранциски поправки

Доколку имате потреба од било каков вид на оригинален резервен дел од програмата на Miele и Miele Professional, тука сте на вистинското место истиот и да го добиете. Најбитна карактеристика за долготрајност на еден апарат е правилно одржување со оригинални резервни делови инсталирани од специјализиран кадар во таа област. Miele Македонија поседува широка палета на резервни делови достапни веднаш на лагер, а за сите останати се врши нарачка.

Порачајте резервни делови преку интернет продавницата на Miele Македонија, дирекно преку телефонски повик до контакт центарот или со испраќање на e-mail со наведени инфорамции за каков резервен дел се работи. Нашиот тим во најкраток можен рок ќе ве контактира и информира за достапноста на делот.

 

Вон-гаранциски поправки

За сите Miele и Miele Professional апарати кои што не се повеќе во гарентен рок, а имате потреба за некаков вид на поправка или измена, обратете се кај професионалната техничка-сервисна служба на Miele Македонија за да ги добиете сите пропратни услуги. Потребно е само да резервирате термин преку контакт формата на Miele интернет продавницата, со телефонски повик на 02/3 171 111 или преку e-mail на sales@domestic-miele.mk со наведени податоци за типот на сервисна интервенција.

Сервисната служба на Miele преку професионалниот пристап и услуги, веќе 17 години по ред ја добива престижната награда за најквалитетен сервис за електрични апарати во Гермаинја.